100 милиони евра вредна дрога запленета на Крит – ММС
ММС

Објавено на: 12/15/18 12:04 PM

100 милиони евра вредна дрога запленета на Крит

На брод кој е запленет во пристаништето Ираклион на Крит, пронајдена е дрога чија вредност на улица надминува 100 милиони евра.

Според крајбрежната служба бродот „Нока“ кој пловел под знамето на Сирија пренесувал околу 6 тони хашиш и повеќе од три млиони таблети од халуцигената дрога „капатагон“, позната и како џихадистичка дрога.Товарот бил сокриен во контејнери ,пренесе грчката агенција АНА.

Дрогата била сокриена во лажното двојно дно на бродот во 18 контејнери. Бродот испловил од Сирија за либискиот град Бенгази.

Екипажот составен од 10 Сиријци и еден Индус негира дека знаела за илегалниот товар на бродот.