Денес, на 48 годишна возраст почина градоначалникот на Охрид, Проф. д-р Јован Стојаноски.
Стојаноски е роден во Охрид, на 7 -ми август 1970 година.
Мандатот на градоначалникот на Општина Охрид, Проф. д-р Јован Стојаноски започна на 20.10.2017 година, после победата во првиот круг на Локалните избори 2017 година.
Градоначалникот на Охрид проф.д-р. Јован Стојаноски утрово ненандејно почина на 48 годишна возраст.
Според првичните информации, причина за смртта е срцев удар. На Стојаноски му се слошило, па во критична состојба бил префрлен на Интерното одделение на Општата болница во Охрид. Бил направен обид да се префрли во Заводот за кардиологија, но залудни биле обидите за реанимација.
Јован Стојаноски беше професор на факултетот за туризам и угостителство во Охрид.
Стојаноски беше роден на 7 август 1970 година во Охрид.


