Месецот на снегот и празничната еуфорија не станува магичен сам по себе. Декември е месецот на снегот, украсите, собирање импресии, планови, добра храна , простувања и уживање. Декември е всушност рај за хедонисти и идеален е за почеток и за крај. Во овој месец најлесно може да се ослободите од се што вас ве мачи, но и да се радувате на сите оние мали ситници кои живот значат.
ПРОБАЈТЕ НЕШТО НОВО
Не, не да купите нешто ново, туку да пробате нешто ново. Пробајте да читате нешто што никогаш не сте читале, пробајте некои нови рецепти, променете некоја навика. Само новите работи можат да ве потсетат дека насвистина живеете. Излезете од тој магичен круг и поттикнете ја магијата на поинаков начин.
ПРОСТЕТЕ, ИЗВИНЕТЕ СЕ И ЗАБОРАВЕТЕ
Крајот на годината е и време кога треба тоа да го направите и за себе. Извинете се ако сте повредиле некој, простете ако некој вам ви направил нешто лошо. Живејте за она што е сега и за времето кое допрва треба да биде. Се ќе помине и не дозволувајте себе си да губите време и енергија на работи на кои можеби не сте успеале да ги направите.
НАМЕСТО ДА КУПУВАТЕ НОВИ РАБОТИ, ИСЧИСТЕТЕ ГО ВАШИОТ ГАРДЕРОБЕР
Сигурно има работи кои не ви требаат. Дел дајте ги во Црвен Крст, а дел може да ги дадете на некој ваш близок, но веќе ако толку сакате може и да се почастите нешто ново.
ИЗЛЕЗЕТЕ НА ПИКНИК
Станете извонреден дегустатор на вино, качете се на некоја планина, прошетајте покрај некое езеро, посетете музеј или место во вашата околина кое сакате да го видите. Или едноставно посетете место кое одсекогаш се посакувале да го видите одблизу.
НАПРАВЕТЕ НЕШТО ЗА СЕБЕ
Размазете се со спа ден, една масажа или направете било што само да ве опушти и да ве потсети колку е убаво да внимавате на себе и колку значи да се направите себе си среќни.
ВО ДЕКЕМВРИ ЛАМПИОНИТЕ И УКРАСИТЕ СЕ НАСЕКАДЕ
Накитете ја вашата елка, оваа година нека биде во вашите омилени бои. Направете нешто „hand made“, на пример подароците на вашите најмили направете ги според ваша креација.
НАПРАВЕТЕ ПЛАН ЗА СЛЕДНАТА ГОДИНА И ПОТСЕТЕТЕ СЕ НА СТАРИТЕ ПЛАНОВИ
Што ви се оствари, што не? – Зошто? Дали уште ги посакувате истите работи. Направете ја вашата нова листа на предизвици и желби за следните 365 дена. Пуштете се во авантура и направете нешто за себе што сте планирале да го направите одамна.
ОДЛУЧЕТЕ, АКО СЕ УШТЕ НЕ СТЕ, ШТО САКАТЕ ДА НАПРАВИТЕ, СО КОЈ САКАТЕ ДА БИДЕТЕ И КАДЕ САКАТЕ ДА ЈА ПОМИНЕТЕ НОВОГОДИШНАТА НОЌ
Декември е идеален месец за подарување, направете или купете подарок за најблиските, па макар и тоа да биде само една мала ситна работа и покажете почит и внимание.
ПОСЕТЕТЕ ФЕСТИВАЛ, ЗАБАВУВАЈТЕ СЕ И НАУЧЕТЕ НЕШТО НОВО
Во студените денови може да се посветите и на некој спорт карактеристичен за зимата како што е лизгањето, а сето тоа да го засладите со чоља топло чоколадо, без кое декември не може да се замисли.
НАЈВАЖНАТА РАБОТА
Заминете на снег и уживајте во магијата само тој може да ви ја овозможи. Ако го нема во вашиот град, одвојте ден или два и заминете на најблиската планина. Земете санка или скии и заљубете се во зимата како никогаш претходно. Уживајте во подготовките на новогодишната магија. Уживајте во украсите, сијаличките, подароците и новогодишните карактеристични песни. Заљубете се во себе, заљубете се во Декември и останете засекогаш вљубени во животот!


