Куќа изгоре во скопско Трубарево. Според инвофрмациите на МВР, пожарот избувнал вчера во 12,20 часот во куќата во сопственост на 53 годишниот Р.Ј. Покривот и еден кат од куќата изгореле во пожарот, односно опожарени биле 100 квадратни метри, во интервенцијата учествувале 5 возила и 10 пожарникари.
Како што информира полцијата во 13,50 часот пожарот бил локализиран. Повредени во истиот нема.
Од Противпожарната единица на Град Скопје информираат дека од 12 до 15,20 интервенирале на запалената куќа на улицата Панче Пешев.


