Протестот против насилство,кој почна како одговор на нападот на Борка Стефановиќ во Крушевац, ќе се одржи денеска во 18 часот на платото пред Филозофскиот факултет во Белград.
Протестот е најавен како непартиски,но учество најавиле и некои опозициски партии,пренесува Б92.
Лидерот на Сојузот за Србија,Драган Џилас изјави дека денешниот протест ќе биде одржан под паролата ,,Ајде да се преброиме“ и тоа РТС да го емитува.
Минатата сабота на протестот,,Стоп на крвавите кошули“ учествуваа повеќе илјади граѓани, но одредени медиуми објавија дека се собрале само мал број учесници,па организаторите поттикнати од таквите известувања го нарекоа денешниот собир ,,Ајде да се преброиме,,


