Ветувањето на СДСМ за чист воздух е голема измама. Петре Шилегов е градоначалник повеќе од една година, а СДСМ скоро две години раководи со владата и нема суштински мерки против загадениот воздух,се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Додека граѓаните се гушат во загадениот воздух, владата на СДСМ не презема никакви мерки. Шилегов глуми градски шарлатан и игра игри, а заменик министерот за животна средина Јани Макрадули спие.
Едноставно СДСМ мува не ги лази што граѓаните наместо чист воздух со месеци дишат отров.
Од ВМРО -ДПМНЕ обвинуваат дека додека владата на СДСМ се луксузира и вработува партиски војници, секојдневно болниците низ државата се полнат со пациенти кои имаат респираторни заболувања.
Мерните станици секој ден покажуваат опасно енормна загаденост на воздухот со ПМ10 честички, а мерки против загаденоста нема. Поради тоа ВМРО-ДПМНЕ предлага конкретни мерки и тоа:-Итно зголемување на мерните станици ширум Македонија, субвенции за набавка на електрични автомобили и печки на пелети,субвенционирање сметките за електрична енергија на социјално загрозените семејства, забрана за употреба на петрол и кокс.
Граѓаните мора да добијат бесплатен градски превоз додека трае загадувањето, а инспекциските служби, како на државно, така и на локално ниво, да работат на пронаоѓање на загадувачите во зимски услови 24 часа.
Нема место и време за политиканство кога станува збор за здравјето на нашите граѓани. ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш, власта да ги прифати нашите предлог итни мерки за справување со енормното загадување на воздухот.
Проблемот со аерозагадувањето што ВМРО-ДПМНЕ со години го игнорираше, денес се решава преку сериозен меѓуинституционален пристап,реагираат од СДСМ.
Децениските криминални политики на на ВМРО ДПМНЕ, придонесоа за симстемско уништување на зеленилото и животна средина, а игнорирањето на алармантните последици од негрижата за животната средина, доведоа до екстремно загадување кое што ѓраѓаните се уште го чувствуваат.
После децениска негрижа и неодговорност, работите се менуваат, проблемот се решава со системски мерки и сериозен пристао од институциите.
Продолжува акцијата за зазеленување на Град Скопје. Досега се засадени над 8.000 дрвја. Во текот на вчерашниот ден засадени се 160 стотици високвалитетни садници во општина Кисела Вода. Претходно акција за засадување се спроведе и во општините Ѓорче Петров, Сарај, Бутел, Аеродром и Карпош.
Засилениот инспекциски надзор и контрола на големите индустриски загадувачи, континуираното расчистување на дивите депонии, субвенционирањето на печки на пелети за загревање на домовите на граѓаните, засилениот процес на гасификација од наредната година се само дел од мерките што се преземени или се во најава со цел да се стави крај на деценискиот проблем со загадувањето на воздухот.
Се решава и проблемот со загадувањето од сообраќајот. Од следната година пристигнуваат нови 40 еколошки градски автобуси во Скопје, а автобуси со еколошко гориво се предвидени и за други градови во Македонија, како Прилеп и Битола. Истовремено ќе се субвенционираат трошоците за набавка на електрични и хибридни автомобили и трошоците за вградување на погон на ТНГ на автомобилите,се вели во реакцијата од СДСМ.


