Ковач пред мечот со Хановер: Победата е апсолутна задолжителна – ММС
ММС

Објавено на: 12/15/18 9:37 AM

Ковач пред мечот со Хановер: Победата е апсолутна задолжителна

Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач ги сподели своите очекувања за натпреварот против Хановер 96 од 15-тото коло на Бундеслигата.

Баварците заостануваат со 9 бода од лидерот на табелата Борусија Дортмунд и Хрватот е свесен дека не можат да си дозволат нов непромислен потег.

„Лигата на шампионите заврши оваа година! Сега ни остануваат три натпревари од Бундеслигата, првиот од кои е во Хановер. Должни сме да победиме и да продолжиме да во борбата за првото место. Трите бода се апсолутно задолжителни“, истакна Ковач кој смета дека екипата игра добро, но дефинитивно немале среќа во последните мечеви.

„Ќе бидеме гости и навивачите на трибините ќе сторат се’ да ни ја усложнат задачата. Хановер има брзи напаѓачи, а во претходните натпревари екипата дефинитивно немаше среќа. Треба да имаме на ум дека ќе одиграме три средби за една недела, што не е лесно“, додаде тренерот на Баерн.