Сообраќајка кај наплатната рампа Градско – ММС
ММС

Објавено на: 12/15/18 8:37 AM

Сообраќајка кај наплатната рампа Градско

Сообраќајна несреќа се случи вечерва околу 21 часот на автопатот Гевгелија-Скопје, после наплатна рампа Градско.

„Сообраќајката е на место каде се изведуваат градежни работи на автопатот. Возило удрило во столб за пренасочување на сообраќајот поставен поради градежни работи на автопатот. Нема повредени, а увидот е во тек“, изјави Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Сообраќајот се одвива со наизменично пропуштање на возилата, соопшти Автомотосојузот на Македонија.