Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) денеска треба да добие нов претседател. За претседателското место во ЗНМ во трка се двајца кандидати – Младен Чадиковски и Стојанче Наумов.
Од ЗНМ информираа дека до крајниот рок за поднесување кандидатура биле пристигнати две апликации и оти Чадиковски доставил и програма за работа, а Наумов најавил дека ќе ја презентира програмата пред членовите на самото Собрание.
Покрај ова, денеска ЗНМ треба да избере и членови за Управниот и Надзорниот одбор и за Советот на честа.
За членови во Управниот одбор биле пристигнати 29 кандидатури, за Надзорниот одбор шест, а за Советот на честа четири кандидатури.
Изборното собрание на ЗНМ ќе почне во 10 часот во спортската сала „Борис Трајковски”. Досега функцијата претседател на ЗНМ ја вршеше Насер Селмани.


