Ванда ги израдува навивачите на Интер – ММС
ММС

Објавено на: 12/15/18 8:51 AM

Ванда ги израдува навивачите на Интер

Иако се шпекулираше дека ќе го напушти Интер, Мауро Икарди и понатаму е член на „нероаѕурите“ – пишува порталот Спортски.

Тој веќе неколку сезони е далеку најдобар фудбалер на Интер и изгледа дека е среќен во овој клуб. Иако повторно во италијанските медиуми се пишува дека неговата иднина во Интер не е сигурна.

Наводоно, понудата на Интер е договор до летото 2023 година со плата од седум милиони евра по сезона со дополнителни бонуси.

Неговата сопруга и агент Ванда, во текот на изминатата ноќ објави пост на Твитер кој ќе им се допадне на навивачите.

„Сега е 00:30 и се уште ги читам страниците од новиот договор на Икарди“ – гласи објавата на Ванда.