Промена на режимот на сообраќај на делницата Катланово – Велес поради изведување градежни активности – ММС
ММС

Објавено на: 12/15/18 8:29 AM

Промена на режимот на сообраќај на делницата Катланово – Велес поради изведување градежни активности

Од Авто мото-сојузот на Македонија информираат дека поради изведување градежни активности на автопатот А1, делница Катланово-Велес (пред наплатната станица Сопот) и делницата Велес-Катланово (по наплатната станица Отовица), ќе се изврши промена на режимот на работа на сообраќај во согласност со одобрението за привремен режим на сообраќај и во согласност со основниот сообраќаен проект за режим на сообраќај за време на поставување индукативни јамки на дел од државни патишта на територијата на Република Македонија, во времетраење од два дена, односно на 14 и 15 декември.

Од АМСМ додаваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури, карактеристични за вечерните и утринските часови, постои можност и од појава на голомразица.

Од Авто мото-сојузот исто така потестуваат и дека од 15 ноември стапи во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2019 година.