Надал и Федерер во ист тим на Лејвер купот – ММС
ММС

Објавено на: 12/15/18 8:11 AM

Надал и Федерер во ист тим на Лејвер купот

Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал го потврди своето учество на претстојниот Лејвер Куп, кој во 2019 година ќе се игра во Женева – објави порталот гол.мк.

Надал ќе биде во тим со Роџер Федерер и ќе го претставува „Тимот Европа“. Селектор ќе биде легендарниот шведски тенисер Бјерн Борг.

Тенискиот настан во Швајцарија ќе се игра од 20 до 22 септември, 2019 година. Титулата ја брани европскиот тим.