Мохамед Салах – најдобар африкански фудбалер за 2018 – ММС
ММС

Објавено на: 12/15/18 8:02 AM

Мохамед Салах – најдобар африкански фудбалер за 2018

Фото: Mohamed Salah

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах беше избран за „Фудбалер на Африка” за 2018 година во анкетата на Би-Би-Си. Египетскиот репрезентативец ја освои наградата втор пат по ред. Салах освои повеќе гласови од клубскиот колега во Ливерпул, Садио Мане, како и од Меди Бенатија (Мароко), Калиду Кулибали (Сенегал) и Томас Парти (Гана).

Офанзивниот фудбалер одигра сензационална дебитантска сезона за Ливерпул, во која постигна извонредни 44 гола и успеа да ги одведе „црвените” во финалето на Лигата на шампионите.

Еден месец подоцна тој учествуваше на Светското првенство во Русија со тимот на Египет.

Мохамед Салах и понатаму е главна личност во Ливерпул и во актуелната кампања, откако досега има 13 гола во сите натпреварувања.

 

Извор: МИА