Лошото однесување го чини Дебеле казна од 200 000 евра – ММС
ММС

Објавено на: 12/15/18 7:55 AM

Лошото однесување го чини Дебеле казна од 200 000 евра

Вториот најскап трансфер во историјата на Барселона, Усман Дембеле ќе биде казнет со 200.000 евра поради својот однос на работниот процес – потврди „Марка“.

Французинот се наоѓа во одлична форма и бележи гол по гол, откако речиси секој е исклучително спектакуларен. Тој сепак страда од проблеми со дисциплината и веќе неколку пати му се случи да доцни за тренинзите на тимот. Минатата недела тој задоцни цели два часа. Пред неколку недели пак, го пропушти тренингот поради болки во стомакот, без да го информира клубот. Усман не можел да биде пронајден час и половина, предизвикувајќи паника меѓу шефовите.

Токму поради одличната форма, младиот Французин добива поддршка на тренерот Ернесто Валверде. Дембеле веќе се извини за грешките и вети пред сите фудбалери и тренери, дека тоа нема да се повтори.