Русија е првиот финалист на ЕП во ракомет за жени – ММС
ММС

Објавено на: 12/15/18 7:40 AM

Русија е првиот финалист на ЕП во ракомет за жени

Фото: International News

Русија ја совлада Романија со 28:22 (16:15) на Европското првенство за жени и се пласираа во финалето, кое е на програма во недела – пренесе Македонската информативна агеција.

Романките настапија без својата најдобра ракометарка Кристина Неагу, но сепак одиграа добро прво полувреме и дури водеа со три разлика. На полувреме сепак избраничките на Евгениј Трефилов заминаа со водство од еден гол, а во продолжението од мечот Русинките доминираа предводени од одличната Вјахирева.

Токму таа беше најпрецизна кај победничкиот тим со 13 погодоци, а кај Романките најефикасна беше Драгут со четири.

Во финалето Русија ќе го чека подобриот од мечот меѓу Холандија и домаќинот Франција