Дрејк и Канје Вест час се сакаат, час се мразат, но сега нештата очигледно заминале во посериозен правец.
Канје на својот профил на Твитер, објавуваше твитови во кои вели дека раперот испраќал закани до неговото семејство, за во случај нешто да му се случи, светот да знае кој бил виновен за тоа.
Некои не го сфатија сериозно, додека сопругата Ким не се вклучи во приказната. Таа напиша:
„Дрејк, немој никогаш повеќе да му се закануваш на мојот сопруг и на нашето семејство. Тој го проби патот поради кој ти постоиш. Мојот сопруг е брилијантна личност, најголмиот гениј кој јас го познавам. Поместил толку многу граници, од музиката преку сценографијата, модата и културата и ќе продолжи да го менува светот!“
Се шушка дека проблемот меѓу нив двајца настанал откако Дрејк се посомневал дека Канје му открил на неговиот ривал Pusha T, дека има син кој го крие од јавноста.


