ФОТО: Џеј Ло како од бајка – ММС
ММС

Објавено на: 12/15/18 7:17 AM

ФОТО: Џеј Ло како од бајка

Џенифер Лопез е главна ѕвезда на новата романтична комедија „Сега или никогаш“, па не беше никакво изненадување што се појави на неговата светеска премиера во Њујорк како да излегла од некоја бајка.

Овациите на посетителите околу црвениот килим беа доказ дека на Џеј Ло по којзнае кој пат и успеа за момент да го запре времето. За ова појавување избрала фустан со асиметричен крој во интензивна и впечатлива розова боја.