Удобен е колку што е топол. Таканаречениот Teddy капут стана зимско „must have“ парче во гардероберите на многу дами. Оваа сезона, може да се пронајде во различни бои, кроеви и должини.
Според модните изданија на моделките Else Hosk, Irine Shayk и актерките Leslie Mann i Hailee Steinfeld, ваквите капути оваа сезона се најпосакувани во земјени нијанси. Добро е тоа што изгледаат одлично и во дневна и во ноќна варијанта.



