Зошто племето Мурси носи плочки од глина на усните – ММС
ММС

Објавено на: 12/14/18 1:12 PM

Зошто племето Мурси носи плочки од глина на усните

Племето Мурси од Етиопија имаат низа свои карактеристики, но една особено се издвојува и поради тоа се единствени во светот.

Членките на племето Мурси, кои живеат во националниот парк Маго во Етиопија, почнале да ги носат плочките во усните уште како тинејџерки и постепено ги зголемувале нивните големини.

Тешките плочки, направени од глина со големина и до 13 цм, се користат како обележје на традиционалните ритуали и на нив гледаат како на знак за убавина.

Жените почнуваат да ги носат од 15 години, кога усните им ги пресекува друг член на семејството. Отсечениот дел се санира после три месеци и овозможува усните да се растегнат за да може да ја собере плочката.