Ужас – Татко си ги убил трите мали деца, па се обесил – ММС
ММС

Објавено на: 12/14/18 12:55 PM

Ужас – Татко си ги убил трите мали деца, па се обесил

Мажот кој вчера во Бихаќ во Босна и Херцеговина, ги убил своите три деца, а потоа извршил самоубиство, според неофицијални информации, се вика Адмир Совиќ и има 37 години, пишуваат медиумите во БиХ.

Тој неодамна се доселил во бихаќката населба Мали Луг, а денеска околу 17 часот се одлучил на монструозниот чин, кога ги убил своите малолетни деца, а потоа и себе.

– Полицијата околу 17 часот доби дојава дека С.А. (1981) ги убил своите три малолетни деца во населбата Мали Луг, а потоа извршил самоубиство, соопштено е од Министерството за внатрешни работи.

Трагедијата во полиција ја пријавил шурата на Совиќ, а кога стигнала полицијата на местото на настанот ги затекнала мртви телата на четирите лица. Според неофицијални информации, покрај телото на Совиќ пронајдени се телата на две машки деца и едно девојче.

Овој стравичен настан ги вознемири жителите на оваа бихаќска населба, а причината поради која 37-годишниот маж се одлучил на ваков грозоморен потег, се уште не е позната.