Три жени се здобиле со тешки повреди, откако непознат напаѓач во одделни инциденти, ги повредил со нож.
Ужасните напади, кои се случиле во германскиот град Нирнберг, резултирале со две жени што се борат за својот живот, а третата жена е сериозно повредена.
Нападите се случиле за неколку часа еден по друг во областа Св. Јоханис. Полицијата соопшти дека не може да се отфрли дека еден сторител стоел зад сите три напади.
Првaта жртва, 56-годишна жена, е оперирана по нападот. Неа на улица ја нападнал маж, кој побегнал.
Во другите два напада повредени се 26-годишна и 34-годишна жена, која се здобила со поведи опасни по живот.
Инспекторите работат преку ноќ за да можат да откријат што се случило – тврдат надлежните, додека полицајците, користејќи полициски кучиња и хеликоптери, ги пребарале улиците за докази.
Полицијата наведува дека нема докази оти нападите се поврзани со тероризам.


