Кампацо со чудесен кош преку целиот терен ја збудале публиката во Мадрид (Видео) – ММС
ММС

Објавено на: 12/14/18 7:57 AM

Кампацо со чудесен кош преку целиот терен ја збудале публиката во Мадрид (Видео)

Реал Мадрид и одржа лекција на Барселона во кошаркарското „Ел Класико“ во Евролигата славејќи со 92-65.

„Кралевите“ како што покажува самиот резултат доминираа на оваа средба на која потегот на денот го имаше аргентинскиот плејмејкер, Факундо Кампацо. Кампацо во последните мигови од вториот дел постигна неверојатна тројка од кош на кош, тројка со која ги збудале навивачите, соиграчите, а дефинитивно ја дотолчи Барселона.

Меѓутоа овој кош на Аргентинецот не е случаен и следните противници на Реал треба добро да внимаат да него, бидејќи од една слична позиција погоди и против ЦСКА Москва минатиот месец.

Превземено од: derbi.mk