Започнат е процес за формирање на регионално јавно претпријатие кое ќе управува со регионалната депонија во гостиварско Русино, каде сите полошки општини ќе треба да го депонираат комуналниот отпад.
Одлуката за формирање ја донел Центарот за полошки плански регион. Се очекува за половина година да завршат сите процедури околу неговата регистрација, и тоа да започе практично да функционира.
Министерот за локална самоуправа вчера попладне ги повикаа медиумите да се пофали, дека со пари од владата за неколку месеци ќе се започне да се асфалтира и патот до Русино, градежни активности кои требаше да започнат и пред десет години. Градоначалникот Арбен Таравари рече дека асфалтирањето доцнело, оти мештаните од гостиварско не дозволувале да се гради коловозот
За модернизирање на Русино се обезбедени 7,9 милиони франци од швајцарски фондови со кои депонијата ќе ги задоволи основните стандарди во следните пет години. Ниту една полошка општина нема стандардизирана депонија за смет, причина што целиот полог се дави во отпад, каде има голем број мини диви депонии.
Зоран Димовски


