Да си вечна земјо моја е првиот видео запис на триото Кладенец кој официјално ќе се промовира во недела во културниот центар Кирил Пејчиновиќ во Лешочкиот манастир. Се работи за трио составено од млади од тетовско, кои го негуваат традиционалното изворско пеење од овој регион.
Видео записот е сниман на повеќе локации во Македонија. Целта на записот меѓу другото, е да се промовира изворното пеење од тетовско, за кое како што велат од Триото Кладенец, младите во последно време покажуваат интерес.
Промоцијата на видео записот, ќе биде пропратено со неколку изненадувања односно културни уметнички точки.
Видео записот ќе се промовира во Духовно – културниот центар Кирил Пејчиновиќ во Лешочкиот манастир.
Зоран Димовски


