Еднаков надомест за наводнување за сите земјоделци бараат производители од Кавадарци – ММС
ММС

Објавено на: 12/13/18 1:21 PM

Еднаков надомест за наводнување за сите земјоделци бараат производители од Кавадарци

Производителите на грозје од Кавадарци до подружницата на Водостопанство доставија предлог да плаќаат иста сума за надомест за наводнување исто како што плаќаат лозарите чии лозови плантажи се под каналот за наводнување. Тие се жалат дека досега биле приморани да плаќаат повисок надомест само затоа што површините им биле над каналот и водата се носела со пумпи.

„ Вода за наводнување добиваме преку пумпи на електрична енергија. За наводнување на еден декар преку систем капка по капка плаќаме по 1.610 денари, а полевање со бразда чини 1.850 денари. За разлика од нас, сопствениците на ниви под каналот за наводнување каде водата се добива по слободен пад, плаќаат 750 денари за декар. Сакаме да бидеме изедначени со нив во плаќањето на водата за полевање, ние да не плаќаме скапа вода“ вели  Дане Јошев – земјоделец од Кавадарци.

Земјоделците бараат овој проблем кој ги мачи со години да се реши што е можно побрзо. Предлагаат ако е потребно да се обезбедат и субвенции како би се изедначила сумата на воден надомест независно од тоа каде се наоѓа насадот.

Исто така производителите бараат и надоместокот за наводнување да се утврдува според површината која реално ја користат, а не како досега според катастарските парцели. Досега тие плаќале наводнување и за меѓите во нивите.

 

Ангел Данов