За изминативе 6 недели Територијалната противпожарна единица Тетово ,интервенирала 120 пати од кои 40 пожари избувнале во оџаци, кои голем дел од нив биле неисчистени и неисправни. Синоќа, тетовските пожарникари, гасеа пожар кој избувнал во оџак од станбен објект во тетовската населба блок 82 .
Се работело за неисправен оџак во станбениот објект, поради и што избувнал пожар. За среќа со брза интервенција на пожарникарите, пламените јазици не се прошириле на станбените објекти од зградата.
Командирот на ТППЕ Тетово Ука Алити, апелира за време на грејната сезона, додека временските прилики се добри, граѓаните и на индивидуалните објекти но и на колективните згради да ги исчистат оџаците.
Годинава во пожари во Тетово загинаа повеќе лица, а беше предизвикана и голема материјална штета.
Зоран Димовски


