Познати се осминафиналистите во ЛШ – ММС
ММС

Објавено на: 12/13/18 12:39 PM

Познати се осминафиналистите во ЛШ

Вкупно 16 екипи се пласираа во осминафиналето на Лигата на шампиони (ЛШ), па сега се поделени во два шешира, каде што посебно ќе бидат првопласираните и второпласираните екипи.

Исто така, при извлекувањето на паровите, не може екипи од иста држава да играат една против друга.

Првиот шешир е составен од Борусија Дортмунд, Барселона, ПСЖ, Порто, Баерн Минхен, Манчестер сити, Реал Мадрид, Јувентус.

Вториот шешир ќе биде составен од Атлетико Мадрид, Тотнем, Ливерпул, Шалке, Ајакс, Лион, Рома, Манчестер јунајтед.