Денес во Делчево беа презентирани можностите за вклучување на училишните библиотеки во националниот библиотечен информациски систем Cobiss. Како што истакна Жаклина Ѓалевска од националната универзитетска библиотека од Скопје, со вмрежување на училишните библиотеки на системот Cobiss ќе се овозможи поголема достапност на училишната литература за учениците.
-Целта е да ја понудиме можноста, делчевските училишта да се вклучат во системот Cobiss, преку кој ќе им се овозможи на учениците, да добијат библиотеки кои ќе бидат лесно достапни преку интернет, ќе бидат пребарливи и во секое време да можат да имаат информација што поседува нивната училишна библиотека. Ова според нас е нешто кое ќе им помогне во тековното совладување на учебните единици, а исто така тоа ќе биде можност за самиот наставен кадар да се усовршува и да може поквалитетно да го води воспитно-образовниот процес, рече Ѓалевска.


