Кривични пријави за три малолетни лица од Скопје за разбојништво и дрски кражби – ММС
ММС

Објавено на: 12/13/18 8:46 AM

Кривични пријави за три малолетни лица од Скопје за разбојништво и дрски кражби

Три малолетни лица од Скопје заработија кривични пријави поради сомнение дека извршиле разбојништва и дрски кражби во централното градско подрачје.

-Секторот за внатрешни работи Скопје ќе поднесе кривични пријави до Основното јавно обвинителство-Скопје против тројца малолетници од Скопје ( на возраст од 15,16 и 17 години) поради основано сомнение за извршени кривични дела разбојништва и дрски кражби во централното градско подрачје, соопшти МВР.

Осомничените, како што е наведено во соопштението, со сериозна закана, употреба на физичка сила и нож врз малолетници во вечерните часови во периодот од 18:00 до 21:00 часот одземале пари, мобилни телефони, часовници и друго.

Во извршениот разговор, осомничените ги признале делата и го појасниле начинот на извршување. По насока на јавен обвинител, извршено е и препознавање од страна на десетина оштетени лица, кои ги препознале малолетниците како сторители на кривичните дела