Поранешниот премиер Никола Груевски лоциран во скаоп унгарски ресторан во Будимпешта од екипа на унгарски портал „24,ху“. Според видеото Груевски не е сам, него го придружуваат неколку лица за кои се претпоставува дека се негово обезбедување. Од прикажаната снимка Груевски има и личен возач. Груевски не одговараше на прашањата на новинарот дали Унгарија му помогнала во бегството и како успеал да избега од Македонија.
Груевски, според снимката, се превезува со возило од марката „фолксваген шарон“.


