Утре стартува турнир во мал фудбал, Радио Мрежа Канал 77 во Ц група – ММС
ММС

Објавено на: 12/12/18 2:54 PM

Утре стартува турнир во мал фудбал, Радио Мрежа Канал 77 во Ц група

Девет медиумски куќи ќе бидат дел од турнирот во мал фудбал во организација на Спортското Радио. Традиционалниот фудбалски турнир на едно место ќе ја собере седмата сила и наместо новинарските на терен ќе ги покажат спортските способности.

„Преку оваа прес конференција го офицјализираме самиот старт на турнирот кој започнува на 13 –ти до 16 –ти декември, поточно од утре, четврток до недела. Ќе учествуваат девет радио и телевизиски куќи поделени во три групи, ќе се игра натпревар секој со секого. Саботата и неделата ќе бидат предвидени за финалните, односно полуфиналните натпревари меѓудругото и за многуте ревијални натпревари“ изјави Тони Митев директор на Спортско Радио.

Покрај официјалниот дел од турнирот во кој медиумите се поделени во три групи ќе има и ревиален дел, во кој ќе бидат вклучени македонските фудбалски легенди како и фудбалерите од детската лига.

„Група А, Б и група Ц. Во група А се Македонската Радио Телевизија, Канал 5 и ТВ Шења, во Б групата Спортск Радио, 1ТВ и Сител и група Ц  Канал 77, Алфа ТВ и МТВ 2. Ние како општествено одговорна компанија, размислувавме и дојдовме до идеја покрај медиумите да ги вклучиме и најмладите категории, Вардар и останати од детската лига на фудбалската федерација, ќе има турнир на училишта на ниво на Град Скопје како и натпревар на спорстките фудбалски легенди“, објасни Зоран Митев од Спорстко радио.

Што се однесува до ревиалниот дел, како што изјави Анита Даева која ја има улогата на селектор на турнирот во мал фудбал ентузијазмот е скогаш присутен како и големата заинтересираност на новинарите.

„Тимовите се составени, списокот се уште е отворен, колку и да сме секоја ќе се појави на терен, драг ми е што оваа година имаме и нови имиња во тимот на пејачките“, вели Анита Даева.

Турнирот во мал фудбал на медиумите ќе се одржи во малата сала во спортскиот ценат Јане Сандански, кој  започнува утре 13 ти декември, а завршува на 16 ти во недела.