Викторија Бекам ја отстранила тетоважата посветена на сопругот – ММС
ММС

Објавено на: 12/12/18 11:35 AM

Викторија Бекам ја отстранила тетоважата посветена на сопругот

Викторија ја отстрани тетоважата којашто  беше посветена на сопругот Дејвид Бекам а нејзиното значење на хебрејски е: „Му припаѓам на мојот сакан, а мојот сакан ми припаѓа мене”.

Викторија присуствуваше на британските модни награди минатата ноќ со фустан во црна боја.

Со нејзината коса врзана во ниска опашка , само избледени траги се видливи од нејзината тетоважа.

Се вели дека 44-годишната мајка го пронашла обележувањето “срамно”, иако ова не е првата тетоважа од којашто се ослободила; веќе има две тетоважи отстранети и од нејзиниот зглоб на раката.

Првата го означуваше датумот кога таа и Дејвид ги обновија своите завети во 2006 година, а втората беше фраза која на латински пишуваше “Повторно од почеток”.