Нападната жена од куче скитник и фатени илегалци под сомнеж за кражби – ММС
ММС

Објавено на: 12/11/18 3:12 PM

Нападната жена од куче скитник и фатени илегалци под сомнеж за кражби

Нападната жена од куче скитник и фатени илегалци под сомнеж за кражби, се настаните од црната хроника за изминатото деноноќие на тетовско-гостиварското подрачје.

Дваесет и петгодишната тетовка Б.Р, пријавила дека во неделата навечер околу 22 часот и 30 минути на улица „Браќа Миладинови” во Тетово била нападната од куче-безодомник, кое ја каснало и и нанело повреда на левата подколеница, по што се обратила за лекарска помош во тетовската клиничка болница.

Полициски службеници од Полициска станица Гостивар, вчеравечер околу 19 часот и 20 минути,ги лишиле од слобода албанските држaвјани Д.Л. и К.Р., двајцата на возраст од 19 години. Лицата нелегално влегле и непријавено престојувале на подрачјето и се сомничат за инволвираност во кражби во неколку гостиварски села
Двајцата албански државјани задржани се во Полициската станица Гостивар и потоа  предадени се во Отсекот за прекуграничен крминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка.