Будимпешта се уште без одговор за барањето за испорачување на Груевски – ММС
ММС

Објавено на: 12/11/18 12:37 PM

Будимпешта се уште без одговор за барањето за испорачување на Груевски

– Унгарските институции се уште молчат за барањето на македонската Влада за екстрадиција на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој пред еден месец избега од Македонија во оваа земја членка на ЕУ, каде потоа доби политички азил.

Македонското Министерство за правда се уште нема добиено никаков одговор на барањето, ниту, пак, како што објаснуваат за МИА од таму, има некаква официјална реакција или преписка во врска со овој случај.