Превенција од злоупотреба на дроги и алкохол со ученици од основните училишта во Тетово, безбедност на децата, проект за превенција од самоубиства, се само дел од проектите кои ги спроведува отсекот за превенција при СВР Тетово.
Началничката на Отсекот Едита Џемаили, посочи дека за добрите резултати постигнати во изминатите 10 години, заслужна е соработката на полицијата со сите општествени чинители
На свеченоста присутвуваа и началникот на СВР Тетово Амир Далипи, како и преставникот на мисијата на ОБСЕ Јацек Михалкоски. Признанија во полето на превенцијата добија повеќе градоначалници невладини организации и медиумски работници.
Зоран Димовски


