Јорданов:Москва делува преку Каракачанов – ММС
ММС

Објавено на: 12/11/18 8:39 AM

Јорданов:Москва делува преку Каракачанов

-Прво треба да се мисли, а потоа да се делува, а нашите политичари прво прифаќаат договори и потоа ќе се сетат дека требало да мислат пред тоа. Македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик и од научна гледна точка таков јазик нема, но тоа не се гледа така од политичка страна, коментира за  БТВ поранешниот бугарски амбасадор во Македонија, Александар Јорданов.

-Според мене Каракачанов прави обид да се врати на реториката како партиски лидер, заборавајќи дека, сепак, тој е вицепремиер на држава, министер за одбрана, кој  кренал рака и гласал за овој бугарско-македонски договор. И најмалку на него му личи да се прави на изненаден од тоа што овој договор претпоставува различно толкување во двете земји, коментира поранешниот амбасадор во Македонија.

Јорданов смета дека Москва преку Каракачанов, го попречува членството на Македонија во ЕУ, како и дека преку овие изјави тој  се обидува да го насочи вниманието на друго место поради скандалите околу неговата партија ВМРО и исхраната на бугарската армија.

-Каракачанов на 16 септември беше во посета на Скопје, како министер за одбрана и таму тој допушти неговиот говор да се преведува на македонски јазик и не се спротистави да се преведува на македонски јазик, коментира Александар Јорданов.