Објаснето големо недоразбирање: Меси не потрошил 15 милиони евра на авион – ММС
ММС

Објавено на: 12/11/18 9:22 AM

Објаснето големо недоразбирање: Меси не потрошил 15 милиони евра на авион

Шпанските медиуми објавија пред неколку седмици дека Лионел Меси одлучил да се почасти и дека си купил авион од 15 милиони евра.

Тамошните медиуми објавија и фотографии од авионот кој бил дизајниран специјално за аргентинскиот фудбалер и наводно откриле дека го платил неверојатни 15 милиони евра. Сепак само неколку дена подоцна стигна демант од играчот на Барса.

Мундо Депортиво вчера објави дека вестта не е вистинита. Имено, Меси изнајмил авион од аргентинска компанија на краток период за услугите на неговата фамилија, но авионот е вратен после неколку недели.

Оваа компанија се погрижила фамилијата на Меси да се чуствува удобно во нивниот авион, па го украсиле со имињата на Меси и неговата фамилија.

 

Превземено од: supersport.mk