Роналдо му ја отвори вратата во Јувентус само на еден соиграч од Реал – ММС
ММС

Објавено на: 12/11/18 8:18 AM

Роналдо му ја отвори вратата во Јувентус само на еден соиграч од Реал

Интервјуто кое го направи Кристијано Роналдо за „Газета дело Спорт“ предизвика вистински земјотрес во италијанската и шпанска спортска јавност, бидејќи португалската ѕвезда се осврна на безброј интересни теми кои дефинитивно не можат да се издвојат само во една вест.

Роналдо го прозва Лионел Меси и им испрати една „отровна стрела“ на поранешните соиграчи од Реал Мадрид, но покрај ова, именуваше и еден поранешен колега од „кралскиот клуб“ на кој му ја отвори вратата во Јувентус.

Запрашан за тоа како може да се засили тимот од Торино, Роналдо одлучи да го издвои името на играчот кој беше негов најголем сојузник на теренот во Реал Мадрид.

– Прочитав дека се пишува за играчи како Хамес, Бејл или Асенсио, се поврзуваат со Јувентус. Да бидам искрен, мислам дека Јувентус нема потреба од други играчи. Треба да разговарате со претседателот на оваа тема, не знам што може да се случи во иднина. Можам да кажам дека Марсело е силен. Ние ги отвораме вратите на добри играчи, а Марсело е еден од нив, – вели Португалецот.

Превземено од: derbi.mk