Роналдо му испрати интересен предизвик на Меси – ММС
ММС

Објавено на: 12/10/18 3:06 PM

Роналдо му испрати интересен предизвик на Меси

Кристијано Роналдо за првпат откако е во Италија одлучи да направи едно опширно интервју за домашен медиум во кое отворено проговори за сите актуелности и теми кои секогаш предизвикуваат посебно внимание во јавноста, а една од нив секако е поврзана за неговиот најголем индивидуален ривал од времето во Шпанија, Лионел Меси.

Португалската ѕвезда го искористи обраќањето за „Газета дело Спорт“ за да му испрати интересен предизвик на Лео, порачувајќи му дека ќе биде навистина храбро од негова страна да му се приклучи во италијанското првенство и да се испроба надвор од Шпанија.

– Не, не ми недостига Меси. Играв во Англија, Шпанија, Италија, Португалија, победував и со својата селекција, додека тој се уште е во Шпанија. Најверојатно јас му недостигам повеќе. За мене, животот е еден предизвик, ми се допаѓа да ги прават луѓето посреќни. Би сакал да дојде во Италија еден ден. Исто како мене, да го прифати предизвикот. Но, ако тој е среќен таму каде што е, тогаш не може ништо да се направи, го почитувам и тоа. Меси е фантастичен играч и добар човек. Ова во Италија е нов живот за мене и многу сум среќен, – порача Роналдо.

Превземено од: derbi.mk