Играч за Баерн има 22 години а најави дека ке оди во пензија – ММС
ММС

Објавено на: 12/10/18 3:00 PM

Играч за Баерн има 22 години а најави дека ке оди во пензија

Навивачите на Баерн Минхен беа шокирани, откако Кингсли Коман поради големи проблеми со повреди кажа дека можеби ќе ја заврши кариерата.

Во германскиот клуб брзо се избори за место во првиот тим и навивачите го прогласија за наследник на Франк Рибери.

Сепак, во претходните неколку месеци Коман речиси не играше поради тешките повреди и големи проблеми со зглобот на десната нога.

„Не сакам и не можам да прифатам уште една операција. Можеби моето стапало не може да биде фудбалерско. Доколку се покаже така, тогаш ќе правам нешто друго во животот“, кажа Коман.