38 % од смртноста на тетовци се должи на високата концетрација на штетните честички во воздухот. – ММС
ММС

Објавено на: 12/10/18 3:08 PM

38 % од смртноста на тетовци се должи на високата концетрација на штетните честички во воздухот.

38 % од смртноста на тетовци се должи на високата концетрација на штетните честички во воздухотОва го покажа најновата студија изработена од Републичкиот центар за јавно здравје и од медицинскиот факултет.

Според Центарот за јавно здравје Тетово, поради загадениот воздух во пораст се малигните и белодробните заболувања. Црната статистика во Тетово со 38  % смртност поради загаден воздух, треба да го вклучи алармот на властите, затоа што просекот на починати поради аерозагадувањето во Европа е 22 %.

Студијата покажала дека најголеми загадувачи на воздухот се огревното дрво и индустријата. Од Институтот за животна средина, велат дека мора да се разбуди свеста кај населението и да го променат начинот на затоплување кое претежно го користи огревното дрво

Тетово и оваа година е меѓу најзагадените градови во Македонија, каде концетрацијата на штетните ПМ 10 честички  се за и до седум пати повисоки од максималните граници.

Зоран Димовски