Маж тешко повреден во сообраќајна незгода на патот Делчево – Кочани – ММС
ММС

Објавено на: 12/10/18 2:50 PM

Маж тешко повреден во сообраќајна незгода на патот Делчево – Кочани

Четириесет и четиригодишен маж од Кочани се здобил со тешки телесни повреди при сообраќајна незгода, која утрово се случила на регионалниот патен правец Делчево-Кочани, кај селото Драмче. До незгодата дошло кога се судриле камион и патничко возило, управувано од сега повредениот – соопшти денеска портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова.

Повредениот возач бил префрлен најпрвин во Клиничка болница во Штип, а потоа бил транспортиран во Комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје.

По извршениот увид детали за причините за незгодата ќе бидат соопштени дополнително.

Очевидци кои се движеле на споменатиот патен правец сведочат и за излетување на возило на патниот правец Македонска Каменица – Делчево кај селото Илиово. Како причина тие го наведуваат лизгавиот коловоз и неприлагодената брзина на возилото.