Антониј Стојменов од Гевгелија освои второ место на олимпијадата по физика во Бугарија – ММС
ММС

Објавено на: 12/10/18 12:47 PM

Антониј Стојменов од Гевгелија освои второ место на олимпијадата по физика во Бугарија

На шестата меѓународна олимпијада по експериментална физика,која до 12 декември се одржува во бугарската престолнина,гевгеличанецот Антониј Стојменов, ученик во деветто одделение во ООУ „Владо Кантарџиев“ го освои второто место.

Под мотото „Денот на полнење“ олимпијадата се одржува во организација на Сојузот на физичари од Бугарија со учество на ученици од Македонија,Бугарија и Србија, кои добија експериментална задача да ги проучуваат електричните и магнетните појави.

Антониј Стојменов,кој го постигна големиот успех,беше единствениот претставник од Гевгелија на оваа олимпијада на која од нашата земја се натпреваруваат уште ученици од училишта во Скопје, Охрид, Струмица,Велес и Радовиш.