Сопруг насилник лишен од слобода – ММС
ММС

Објавено на: 12/10/18 11:15 AM

Сопруг насилник лишен од слобода

Гостиварец осомничен за насилство врз сопругата е лишен од слобода и задржан во полицисска станица.

Според СВР Тетово, 31-годишна гостиварка, вчера (9 декември), пријавила дека претходниот ден околу 20 часот и 30 минути во нивниот дом било извршено семејно насилство од нејзиниот 43-годишен сопруг. Таа во пријавата навела дека, подолго време била изложена на психичко и физичко малтретирање.

По пријавата насилниот сопруг е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување на случајот.