Се’ за храна: Сув омекнувач за алишта од само 2 состојки – ММС
ММС

Објавено на: 12/10/18 9:59 AM

Се’ за храна: Сув омекнувач за алишта од само 2 состојки

Не сакате да купувате омекнувач за алишта, бидејќи не сте сигурни колку се штетни хемикалиите кои се наоѓаат во него? Ние имаме едноставно решениеНаправете сами сув омекнувач за алишта  и тоа само од две состојки, сол и етерично масло. Се прави брзо, лесно, евтино, а е подеднакво ефикасен како и купечките.

Нема да ви се верува колку вашите алишта ќе станат меки и тоа без употреба на хемикалии со сомнително потекло.  Клучната состојка е обичната кујнска сол која секојдневно ја користиме за готвење и сите ја имаме дома. Солта ќе ги омекне вашите алишта, а за тие и убаво да мирисаат додајте и неколку капки етерично масло. Изберете арома која на вас најмногу ви се допаѓа. Може да користете масло со мирис на јасмин или лаванда, а за летните денови совршено одговараат и цитрусните ноти.

Состојки:

  • 4 чаши сол
  • 20 капки етерично масло.

Начин на подготовка и употреба:

  1. Помешајте ги солта и етеричното масло и чувајте ги во херметички затворена тегла.
  2. Доколку водата во вашиот дом е тврда тогаш за секоја полна машина користете ¼ до ½ чаша сол, а за помала количина на алишта доволно ќе ви бидат и неколку лажици.

Превземено од: sezahrana.mk