Автомобил слета во реката Луда Мара кај Ваташа – ММС
ММС

Објавено на: 12/9/18 12:18 PM

Автомобил слета во реката Луда Мара кај Ваташа

19 годишно момче од Кавадарци со својот автомобил „Рено меган“ утринава околу 3 часот излетал од патот во реката Луда Мара кај селото Ваташа. Од полицијата го потврдија настанот.
До овој момент нема информации за здравствената состојба на момчето.
Дознаваме дека возилото се движело од Кавадарци кон Моклиште и излетало од патот во длабочина од десетина метри во коритото на реката каде во моментов се извршуваат градежни работи за изградба на нов мост. Токму малата безбедност на стариот мост и големиот број незгоди беше причина да се отпочне со изградба на нов мост.
На местото каде што паднал автомобилот имало вода околу шест метри длабочина. Момчето за да се спаси, ги отворило задните прозорци и излегло од автомобилот, кој бил потопен во водата.
На местото на незгодата пристигнале пожарникари и полиција.

Ангел Данов