Дедомразовци на трка во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 12/7/18 12:45 PM

Дедомразовци на трка во Скопје

Традиционална Дедомразовска трка во која ќе учествуваат стотици учесници ќе се одржи во недела на 23 ти Декември. Учесниците ќе бидат облечени во дедомразовски костими, а трката ќе се одржи во центарот на главниот град.

Трката, покрај натпреварувачки, има и забавен карактер, па во неа се добродојдени да се пријават учесници од сите старосни групи. Должината на патеката е само 2 километра и може да ја истрчаат и деца во придружба на родители. Пријавувањето се одвива преку веб-страницата www.prvdovrv.mk.

Стартот и финишот на трката се на плоштадот Македонија, а ќе се трча кон портата „Македонија“, Паркот на жената борец, „Холидеји ин“, мостот кај МНР, покрај Вардар кон Камениот мост и преку преку мостот до целта.

Учеството во трката чини 300 денари, а за првите 300 следува целосен дедомразовски костим – палто, панталони, капа, ремен и брада.

За победниците се предвидени награди, а на најсреќните учесници преку лотарија ќе им се исполнат новогодишните желби, без оглед на резултатот и освоеното место. Пред и по трката се предвидени музичка програма, загревање со фитнес-инструктор и церемонија на прогласување на победниците.

Стартот на трката е закажан за 12 часот, а подигнувањето на стартните пакети од 9 до 11 часот на денот на трката.