Претреси кај лица од Кавадарци и Возарци, фатени дека краделе нафта од возила – ММС
ММС

Објавено на: 12/7/18 11:41 AM

Претреси кај лица од Кавадарци и Возарци, фатени дека краделе нафта од возила

Кавадаречката полиција го приведе дваесет и двегодишниот Б.И од Кавадарци откако во неговиот дом била пронајдена марихуана.

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски ја потврди информацијата и нагласи дека во домот на приведениот е пронајдена марихуана.

„ Вчера по наредба од Основен суд – Кавадарци извршен е претрес на домот на лицето Б.И.(22) од Кавадарци, при што е пронајдена  марихуана.  Пронајдената марихуана е одземена, а лицето Б.И. е лишено од слобода“ , информира Додевски.

Кавадаречката полиција во текот на вчерашниот ден вршела претрес и во домот на неколку лица кои во изминатиот период украле поголема количина нафта од возила.

„Во текот на последните три месеци на територијата општина Кавадарци и општина Росоман извршени се неколку Тешки кражби на нафта од товарни моторни возила, градежни машини и земјоделски машини, при што, е украдена нафта. Како резултат на оперативното работење на полициските службеници од ПС ОН Кавадарци на ден 06.12.2018 год. извршени се претреси кај повеќе лица од Кавадарци и с.Возарци и кај истите е пронајдена нафта и предмети со кои се извршувани кривичните дела“ вели Додевски и додава дека се  работи на документирање на овие случаи, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

Ангел Данов