„Македонија блокира“ од петок со блокади и на крстосниците во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 12/5/18 1:35 PM

„Македонија блокира“ од петок со блокади и на крстосниците во Скопје

Приврзаниците на „Македонија блокира“ кои се против уставните измени најавија дека покрај 24-часовното блокирање на просторот пред Собранието, од петок ќе ги прошират активностите со блокади и на раскрсници во Скопје во попладневните часови.

Драган Угриновски на денешната прес-конференција информира дека се свесни оти поради тоа сообраќајот од петок ќе биде значително отежнат и затоа повикуваат на разбирање од страна на граѓаните.

– Ова не го правиме за личен интерес, партиски или за интерес на некое друго здружение, туку за одбрана на светото македонско име, идентитет, историја и традиција на македонскиот народ – рече Угриновски.

Од „Македонија блокира“ го повикуваат премиерот Зоран Заев да учествува и на јавна дебата за уставните промени организирана од нив. Тие бараат распуштање на Собранието и распишување нови избори.