Претседателот на Судскиот буџетски совет, Зоран Караџовски сака да создаде раздор меѓу судската и јавнообвинителската служба. Вака обвини денеска Синдикатот на јавни обвинителства, кој го поддржува Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на Република Македонија УПОЗ во напорите за изнаоѓање решение за судските службеници за остварување на нивните права и враќање на парите кои им беа одземени за време на штрајкот во 2016 година.
Реакцијата на Синдикатот доаѓа откако вчера Караџовски соопшти дека Буџетскиот совет преземал и ќе преземал активности да се измени Законот за судска служба во поглед на измена на додатоците на плата за судските службеници, зашто за тоа во моментот не постои законски основ, па додатоците ги добиваат само судиите.
Од Синдикалната организација на јавните обвинителства сепак, тврдат дека надоместокот што моментално ги примаат јавнообвинителските службеници е во висина од пет проценти, иако согласно им следуваат додатоци на плата во износ од 35 проценти
– Синдикална организација при јавните обвинителства на РМ, смета дека износот на надоместокот ни од далеку не е доволен.
Реакција на вчерашното соопштение на Караџовски денеска пристигна и од УПОз, од каде прашуваат како тој тврди дека преземал активности за измена на законот, кој и по две години од штрајкот се уште не е изменет. Оттаму му порачаа дека ако сакаш да направи нешто, тоа можел да го направи и пред тогашниот штрајк, наместо сега да дава, како што оценуваат оттаму, искривена слика.


